Со 59 голови во сезоната Луис Суарез по втор пат ја доби Златната копачка на Европа

Loading

Уругвајскиот голгетер Луис Суарез минатата сезона имаше неверојатна голеада во дресот на Барселона.

суарез

Да бидеш најдобар стрелец во Европа, покрај еден Лионел Меси кој игра во твојот тим и секако Кристијано Роналдо, тогаш постигнувањето е уште поголемо.

Уругваецот лани во Примера постигна вкупно 40 голови на 35 натпревари, а вкупно 59 голови во сите натпреварувања.

Со ваков ефект тој си ја заслужи втората „Златна копачка“, две години откако прв пат ја освои, но тогаш во дресот на Ливерпул, кога постигна 31 гол во Премиерлигата.

И оваа сезона голгетерот добро започна, па во Примера на 8 натпревари има постигнато 6 голови.

суарез1

Најмногу „Златни копачки“ во историјата има освоено Кристијано Роналдо, кој четири пати ја има добиено оваа индивидуална награда, додека Лионел Меси три пати ја освои „Златната копачка на Европа“.

Погледнете ги сите голови на Суарез во Примера….