Оваа информација ја пренесе угледниот француски весник „Л’Екип“, скандал во тенисот, дури 375 меча се под истрага за местење!
Весникот додаде дека предметните дуели се одиграле во периодот од февруари 2014 година до јуни 2018 година и дека се следат 181 тенисер.
Нивните имиња не се наведени, но нивните натпревари се следат поради нивната вмешаност во овој скандал. Тарифите се движеле од 400 до 3000 евра.
Според информациите, зад целата операција стои Григор Саргасјан (32), човек кој е попознат по прекарот „Мајстор“ и е поврзан со ерменската мафија.
Наводно тој бил оној кој намерно им давал пари на тенисерите да губат натпревари. Дотичните играчи беа под 200-та позиција на АТП листата, бидејќи било полесно да се работи со нив.
„Мајсторот“ поради овие обвинувања веќе беше во затвор, а француските тенисери Жил Окала и Мик Лекур веќе беа суспендирани, бидејќи беше утврдено дека тие се дел од сето ова.
Се појавија и тарифи за натпревари, наводно 400 евра чинел наместен гем, 2.000 евра за загубен меч во двојки во два сета, а околу 3.000 евра била најголемата сума, а за неа се вели дека се потрошени околу осум милиони евра.