(ФОТО) Југоносталгичари, ова е само за вас – Пријателство кое нема граници и сеуште трае!

Loading

Натпреварот меѓу Црна Гора и Србија им значи многу на фудбалските фанови, особено на повозрасните кои се сеќаваат на времето кога Драган Стојковиќ Пикси и Дејан Савиќевиќ „растураа“ по фудбалските терени.

Овојпат ќе бидат на спротивставени страни, но сега во одела, едниот како селектор, а другиот како функционер на Фудбалскиот Сојуз на Црна Гора.

Двајцата беа соиграчи и во Црвена Звезда и во репрезентацијата на Југославија. Сите се сеќаваат на 1990 година кога популарниот Пикси ја напушти „Маракана“, а Дејо ја остави „десетката“.

Една година подоцна, црвено-белиот тим предводен од Савиќевиќ го освои Купот на европските шампиони, победувајќи го Олимпик на Пикси во финалето.

Дејо се пресели во Милан следната година, но нивното пријателство никогаш не заврши…

Ништо не можеше да ги одвои…

,,Новинарите се обидоа да не поделат уште пред моето доаѓање во Белград, измислија приказна дека сум ги навредувал и провоцирав гостинските фудбалери, особено Пикси, на натпреварот од Купот Будуќност – Звезда во Титоград. Тоа е глупост, јас само се борев за боите на мојот клуб, без разлика што во тој момент се знаеше дека кариерата ќе ја продолжам на Маракана. Се разјаснивме на првите заеднички подготовки во Нови Сад, Шеки веднаш не спои во соба во Звезда, подоцна бевме цимери во репрезентацијата и нашето пријателство продолжува до ден-денес – изјави Дејо за Пикси.

За нивната врска зборуваше и самиот Драган Стојковиќ на промоцијата на својата книга на која присуствуваше и Савиќевиќ.

,,Во овој момент можеби тоа би можело да се промени, иако беше и останува тешко да се промени. Тоа е една искреност, но тврдоглава искреност. Нашиот однос е познат уште од почетокот, кога се запознавме и игравме, а подоцна и како некои функционери. До денес тоа пријателство останува вечно. Затоа што не постои такво нешто како суета. Не знам за суета. Не можам да ги разберам луѓето кога се љубоморни и суетни, не можам да разберам зошто. Со нетрпение ги очекував неговите голови во Милан, среќен сум кога Милан ќе победи, секако поради него. Тој беше чудо од играч. Кога некого ќе наречете „гениј“, не е лесно. Тој беше генијален играч и мој голем пријател, беше и останува – изјави Пикси.