Шпанија ослабена во одбраната на ЕВРО 2016, Карвахал се повреди!

Loading

Шпанскиот репрезентативец и десен бек на европскиот шампион Реал Мадрид, Дани Карвахал, поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Франција.

карвахал

Карвахал, против Атлетико, го повреди бутниот мускул и во солзи го напушти теренот на „Сан Сиро“.

Докторите на Реал ја дијагностицирале повредата на десниот мускул, но не понудиле конкретна информација колку ќе трае периодот на рехабилитација.

Шпанскиот селектор во Франција ќе патува со два десни бека, а откако отпадна Карвахал, пандан на десниот бек на Атлетико, Хуанфран, ќе му биде младиот играч на Арсенал Ектор Белерин.

карвахал1

Белерин за Шпанија дебитираше на пријателскиот натпревар со Босна и Хервеговина кој го доби црвена фурија со 3-1.