ШОК за руските и белоруските тенисери – Медведев залудно стана број 1 кога не може да игра тенис!?

Loading

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги суспендираше Русија и Белорусија од сите натпреварувања под нејзино покровителство.

фото: Arrabbiato (Keystone)

Ваков епилог се очекуваше во деновите откако УЕФА и ФИФА, но и кошаркарските организации ги исклучија руските репрезентативци и клубовите од сите натпреварувања, а причината беше војната во Украина.

Украинците во изминатите два дена побараа протерување на Русија, а ИТФ одговори на тие барања преку соопштение денеска.

Тоа практично значи дека Русите, доколку оваа ситуација остане на сила долго време, нема да можат да ги бранат трофеите во Дејвис купот и Купот Били Џин Кинг.

Овие две натпреварувања се во надлежност на ИТФ, како и турнири од пониска категорија.

За тие професионалци задолжени се две здруженија на тениски професионалци, во женска и машка конкуренција, ВТА и АТП.

– Меѓународната тениска федерација ја осудува руската инвазија на Украина и пристапувањето на Белорусија. Покрај откажувањето на сите ИТФ турнири во тие земји, Управниот одбор на ИТФ денеска одлучи итно да ги суспендира Тениската федерација на Русија и Тениската федерација на Белорусија од членство и учество на сите меѓународни натпреварувања до дополнително известување – се вели во соопштението на ИТФ.

Се додава дека оваа организација останува во близок контакт со Тениската федерација на Украина и одржува солидарност со народот на таа земја.

Потсетуваме, денеска со најави се огласија и АТП и ВТА, кои во заедничко соопштение истакнаа дека тенисери како Данил Медведев, Андреј Рубљов и други нема да можат да се борат под знамето на својата земја, што е единствениот исклучок каде играчите ќе бидат способни да освојуваат титули на турнирите.

Тоа ќе можат да го прават само под неутрално знаме.