Шампионот МЗТ падна во СЦ Јане Сандански, Куманово славеше со 87-84!

Loading

Куманово приреди големо изненадување со триумфот над МЗТ Скопје од 87:84 во првиот натпревар од финалето во плејофот за шампионската титула во кошаркарското првенство на Македонија и поведе со 1-0 во победи во серијата подобар од пет.

mzt-kum1

Во извонреден натпревар кумановци предводени од феноменалниот Бојан Трајковски заслужено стигнаа до победата, искористувајќи го грчот во играта на актуелниот шампион.

МЗТ успеа да направи двоцифрена предност за водство од 73:62 во 35 минута, но Куманово врати во последните пет минути со серија од 25:11 и направи пресврт, а Александар Костоски со тројка на 11 секунди пред крајот го реши мечот.

Трајковски доминираше на мечот остварувајќи маестрален учинок од 32 поени и 14 скока, Симоновски заврши со 16 поени, Мандиќ даде 12, а капитенот Костоски 10 поени.

mzt-kum2

Кај МЗТ Скопје, Дреновац забележа 21, а Дамјан Стојановски 20 поени.

Финалето се игра во три добиени средби, а во сабота бранителот на титулата ќе гостува во Куманово, каде ќе има тешка задача да стигне до изедначување во пеколната атмосфера која ја создаваат кумановци.

kumanovo-2