Се приближува стартот на најголемата спортска манифестација во Македонија

Loading

,,Ако сакаш да трчаш, истрачај милја, ако сакаш да искусиш поразличен живот, трчај на маратон.“, изјавил познатиот тркач на долги патеки, Емил Затопек од Чешка, добитник на 3 златни медали во 1952 на летната Олимпијада во Хелсинки.

marat2

Оваа мисла не е далеку од вистината, бидејќи како што се доближува 8-ми мај, денот за кога е закажана најпознатата спортска маниестација низ скопските улици, така бројот на пријавени учесници на Виз Ер Скопскиот Маратон постојано се зголемува.

Според бројот на пријавените учесници досега, организаторите на Виз Ер Скопски Маратон 2016, најавуваат дека годинешното издание ќе биде најмасовно досега.

marat1

Сите пријавени учесници ќе имаат единствена можност да ги подигнат своите стартни пакети на 6-ти и 7-ми мај од 10:00 до 19:00 часот во холот на Конгресен центар „Александар Македонски“ во Скопје, поранешна Универзална Сала.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Мисијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

marat

Маратонот се одржува на 8-ми мај по повод Денот на Европа.