Се подготвува трансфер бомба ова лето – Роналдо си оди од Јунајтед и ќе игра во овој Дрим тим!?

Loading

Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид, на лето би можел да се врати во „кралскиот“ клуб, а шансите не се мали.

фото: Profimedia

Според британски „Мирор“, Реал има желба да ја обнови соработката која му донесе голем успех во минатото на мадридскиот великан.

Роналдо пристигна во Манчестер Јунајтед летото 2021 година, кога на клупата на тој тим седеше Оле Гунар Солшер.

Потоа дојде Ралф Рангник, а него ќе го наследи Ерик Тен Хаг. Доаѓањето на Холанѓанецот може да влијае на минутажата на Роналдо и тоа е една од причините што може да го врати Португалецот во Реал Мадрид.

Јунајтед не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а пласманот во Лига Европа е под голем прашалник, а најголемото европско натпреварување без Роналдо дефинитивно би било незамисливо.

Првата желба на Реал за летниот преоден рок е секако Мбапе, но иако во еден момент се чинеше како завршена работа, парискиот клуб прави се за да го задржи својот најдобар играч.

Па мораа да размислуваат за алтернатива во Мадрид, а подобра алтернатива од Роналдо секако нема.

Колку навивачите го обожаваат Португалецот доволно говори и податокот дека скандираа „Кристијано“ пред почетокот на мечот со Еспањол на кој Реал ја обезбеди 35-та титула во историјата.

Роналдо го напушти Реал во 2018 година, по што три сезони го носеше дресот на Јувентус.

Неговиот актуелен договор со Манчестер Јунајтед истекува во летото 2023 година, но обештетувањето кое Реал треба да го плати при евентуален трансфер сигурно не би претставувало проблем за реализација на трансферот.