Петкратниот НБА шампион Сан Антонио Спарс би можел да направи сензационална размена на кошаркари на една недела пред почетокот на новата сезона.
Тренерот Грег Попович има намера да се ослободи од својот, статистички, најдобар играч Ламаркус Олдриџ.
Ветеранот дојде во Спарс минатата година и имаше одлична сезона бидејќи постигнуваше во просек по 18 поени и речиси 10 скока, а со најдобар шут од поле во кариерата од 51,3%.
И покрај тоа, Попович не е задоволен од тоа како тој се вклопил во тимот, има замерка на неговата игра во нападот и поради тоа планира да ангажира некој помлад кошаркар со кого нема да има такви проблеми.
Проблемот е во тоа што Олдриџ има договор на уште 3 години за вкупно 65 милиони долари и тешко би се нашол клуб кој е подготвен да го покрие тоа.
Почетокот на сезоната стартуваше, но можно е евентуалниот трејд да се случи и подоцна.