Рафаел Надал по малку неочекувано триумфираше по 14-ти пат во кариерата на Ролан Гарос во Париз.
Секако, „неочекувано“ поради неговата хронична повреда на стапалото, поради која и самото учество на турнирот беше доведено во прашање.
Магичниот начин на закрепнување на Надал во Париз по секојдневните поплаки дека си игра со неподнослива болка предизвика лавина реакции, па се појавија неколку интригантни податоци.
Имено, „Светската антидопинг организација“ е должна транспарентно да посочи колку пати тенисерот ја поминал контролата на годишно ниво.
Она што е особено интересно е што има драстична разлика во бројот на тестови меѓу играчите.
I’m not saying Rafa is doing anything illegal.
But if all players were tested the same, we wouldn’t be having these crazy conversations right now pic.twitter.com/vlnwlQH4KV
— Tennis Puneet 🐺 (@TennisPuneet) June 9, 2022
На врвот на листата се тенисерите кои доаѓаат од источноевропските земји. Така, на чело е Русинот Андреј Рубљев со 26, по него е Гркот Циципас со 23, а на третата позиција е Новак Џоковиќ, кој е тестиран 21 пат.
Има и уште еден човек со словенски корени кој игра под германско знаме, Александар Зверев.
На врвот на листата се Феликс Огер-Алиасим и Каспер Руд, но причината поради која толку пати биле подложени на антидопинг контрола е што одиграле многу повеќе турнири од гореспоменатите играчи.
Посебно е интересно што Рафаел Надал беше тестиран само 14 пати, а уште поневеројатно е што тоа беше направено само два пати надвор од турнирите.
Новак оваа процедура мораше да ја помине во осум наврати надвор од самите натпреварувања.
Наскоро следува Вимблдон во кој љубителите на тенисот ќе уживаат од 27 јуни.
Сите очи на јавноста ќе бидат насочени кон Надал и неговото евентуално ново чудесно враќање, со оглед на инсинуациите за употреба на допинг.