НАСКОРО! Фудбалски Ел Класико спектакл во Лас Вегас – Деталите погледнете ги тука!

Шпанските фудбалски клубови Реал Мадрид и Барселона ќе одиграат пријателски натпревар на 23 јули во Лас Вегас во рамките на турнејата низ САД.

На Турнејата на фудбалските шампиони што ќе се одржи од 22 до 30 јули ќе учествуваат и Јувентус, како и мексиканските тимови Америка и Гвадалахара, соопштија од компанијата за организација на настанот АЕГ.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе биде втор дуел на овие две екипи на американско тло, откако на 30 јули 2017 година, пред повеќе од 64.000 гледачи одиграа пријателски натпревар во Мајами.

„По неколку години пауза, имаме уште една можност да ги поканиме фудбалските фанови во Америка да дојдат и да ги бодрат своите омилени клубови“, рече Том Браун, потпретседател на AEG во соопштението за медиумите.

Турнејата во САД завршува на 30 јули, со натпреварот во Лос Анџелес, помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.