Репрезентациите на ЕВРО 2016 ќе поделат неверојатни 301 милион евра!

Loading

Репрезентациите кои ќе учествуваат на ЕУРО 2016 во Франција, ќе поделат од наградниот фонд 301 милион евра.

франција 2016-2

Наградниот фонд за ЕП во Франција е зголемен за 35% во однос на минатиот шампионат кој во 2012 година се одигра во Полска и Украина. Ова европско првенство е прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации.

Секоја од овие репрезентации со пласманот на првенството заработија 8 милиони евра. Секоја победа носи 1 милион евра, а секој освоен бод 500.000 евра.

Пласманот во осминафиналето ќе се наградува со 1,5 милиони евра, четвртфиналето носи 2,5 милиони евра, а полуфиналистите ќе инкасираат по 4 милиони евра.

Новиот европски првак дополнително ќе заработи 8 милиони евра, а поразениот во финалето ќе биде награден со 3 милионa евра.

ЕУРО 2016 во Франција ќе се одржува од 10. јуни до 10. јули, титулата ја брани Шпанија, а најголем фаворит според обложувалниците е домаќинот Франција.

Во 1998 година Франција беше домаќин на светското првенство кое го освои со победата над Бразил во финалето.