Реал Мадрид и Манчестер јунајтед вечерва ќе се борат за титулата во Супер купот – Кој е подобар во меѓусебните дуели? (видео+фото)

Loading

Фудбалските великаните вечерва на стадионот „Филип Втори“ во Скопје ќе се соочат по 13-ти пат на официјални натпревари.

Реал е поуспешен победил четири пати, двапати славеле „црвените ѓаволи“, а четири натпревари завршиле нерешено.

Историјата на меѓусебните дуели започанла пред шест децении, на 11 април 1957 година во тогашниот Куп на европските шампиони. На „Сантијаго Бернабеу“ пред 135.000 гледачи Реал првиот полуфинален меч го добил со 3:1. Во реваншот на „Олд Трафорд“ немало победник, дуелот завршил 2:2. Реал потоа со триумфот над Фиорентина 2:0 ја освоил европската круна.

11 години подоцна во двомечот поуспешен е Јунајтед. Труимф на „Олд Трафорд“ 1:0 на 24 април 1968 и 3:3 во Мадрид на 15 мај 1968. Потоа следува пауза од три децении, за Реал и Јунајтед да играат меѓусебен двомеч во четврт-финалето во Лигата на шампионите. На 4 април 2000 во Мадрид натпреварот завршил без голови, а во Манчестер „кралскиот клуб“ триумфира со 2:3.

Три години подоцна повторно во четвртфиналето играат Реал и Јунајтед. На 8.април во Мадрид, Реал победи со 3-1, а две недели подоцна, на 23 април 2003, на „Олд Трафорд“ Јунајтед победи со 4:3, но Реал се пласира во полуфиналето.

Последното соочување, на официјални натпревари Реал и Манчестер Јунајтед го имаа пред четири години, во осминафиналето во Лигата на шампионите. На 13 февруари 2013 во Мадрид мечот заврши 1:1. Кристијано Роналдо и Дани Велбек беа стрелци на головите. Во реваншот Реал победи во Манчестер со 2:1. Реал од клупата тогаш го предводеше актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Последниот нивни дуел беше на американската турнеја каде Јунајтед по пеналите го победи Реал со 2-1.

https://www.youtube.com/watch?v=-FzbOim-3zY