Реал, Барселона и Јувентус остануваат без Лигата на шампиопните следната сезона?

Клубовите кои не сакаа да се откажат од Суперлигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одат на дисциплинска постапка која ја и официјално ја отвори УЕФА.

уефа

УЕФА посебно ќе ги санкционира овие три клуба кои за разлика од другите, не се дистанцираа од проектот Суперлига.

„По спроведената истрага на етичките и дисциплински инспектори на УЕФА во врска со таканаречениот проект „Суперлига“, отворена е дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА“, стои во соопштението на УЕФА.

Другите клубови кои јавно се откажаа од Суперлигата добија помали казни. Парична казна сигурно ќе има, но во претстојниот период ќе видиме дали УЕФА ќе ги суспендира Реал, Барса и Јуве од Лигата на шампионите за следната сезона.