Ракометарите на Металург совладини и од Чеховски Медведи во ЛШ!

Loading

Ракометарите на Металург доживееја нов пораз во Лигата на шампионите.

металург1

На натпреварот одигран во Чехов, Металург загуби од Чеховски Медведи со 25:21.

Во првото полувреме Металург само на периоди играше на посакуваното ниво, па руската екипа на одмор замина со четири гола предност.

Сепак во вториот дел сосема поинаква игра на тимот од Автокоманда.

Следуваше серија на Металург кој во 46-минута поведе со 18:17.

Но избраниците на Лино Червар немаа сили докрај да му се спротивстават на рускиот тим кој на крајот забележа победа со 25:21.

Кај Чеховски М. по 4 голови постигнаа Шелестјуков и Корнев, додека кај Металург, најефикасен беше Немања Обрадовиќ со 8 голови.

Ова беше првиот меч од 3.коло во Ц групата.

металург

Преостанатите два на програмата се претстојниот викенд и тоа, Ла Ријоха – Татран Прешов и Елверум – Монпење.

Следен противник на Металург ќе биде Ла Ријоха која во Скопје ќе гостува на 15 октомври.