Фудбалерите на ПСЖ ќе имаат можност да го бранат трофејот во Купот на Франција, откако во полуфиналето го победија Лориен на негов терен со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше кој друг ако не Златан Ибрахимовиќ во 75.минута.
Во второто полуфинале кое се игра вечерва од 21 часот ќе се сретнат членот на Втората француска лига Сошо кој е домаќин на Олимпик Марсеј.
Финалето меѓу ПСЖ и победникот од второто полуфинале ќе се игра на „Стад Д‘ Франс“ на 21 мај.
Погледнете го голот на Ибра…