ПСЖ го создава најсилниот тандем во историјата на фудбалот која ќе го потресе светот!?

Loading

Оваа информација ексклузивно ја пренесува Le Parisien, кој наведува дека агентот на Роналдо, Жорж Мендеш, инаку најмоќниот агент во светот на фудбалот, му ги понудил услугите на својот клиент на клубот од Париз.

фото: Getty Images

Не е шпекулација туку вистинска информација, Кристијано Роналдо му беше понуден на ПСЖ!

Роналдо оваа сезона изрази желба да го напушти Манчестер Јунајтед и не отпатува со тимот на турнеја во Тајланд како подготовка за претстојната сезона.

За тоа време неговиот агент се обидува да го најде вистинското решение за неговиот клиент, па го понудил на неколку адреси, а една од посакуваните дестинации е Париз.

Мендеш е во добри односи со сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келафи, а исто така тврди дека е пријател и со Луис Кампос, новиот спортски директор на ПСЖ.

Тој летово посредуваше и за трансферот на Виња, кој од Порто се пресели во ПСЖ за 40 милиони евра, а во преговорите е вклучен и евентуалниот трансфер на Ренато Санчез.

Добрата соработка би можела да биде крунисана со трансферот на Роналдо, кој ќе го создаде веројатно најмоќниот тандем за ПСЖ во историјата на фудбалот и ќе ги собере двајцата можеби најдобри играчи на сите времиња – Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

фото: AS

Кога на тоа ќе ги додадете Нејмар и Мбапе, не е премногу да се објасни кои би биле тие опции во нападот и веројатно ќе биде најсилниот напад на сите времиња по имињата.