Прв африканец прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата – Ријад Марез од Лестер

Loading

Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез е прогласен за најдобар играч во Премиерлигата во сезоната 2015/2016.

mahrez

Алжирецот игра фантистично и е еден од најзаслужните што Лестер се наоѓа на чекор до освојување на титулата во Англија.

Марез оваа сезона има одиграно 34 натпревари во Премиерлигата на кои има 17 голови и 11 асистенции.

Тој го предводи идеалниот тим на првенството, а покрај него Лестер има уште тројца фудбалери во тимот на сезоната: Џејми Варди, Канте и Морган.

За најдобар млад играч во лигата е прогласен Деле Али од Тотенхем.

Тимот на сезоната го сочинуваат: Голмани Де Геа од Ман. Јунајтед и Дани Роуз од Тотенхем, Тоби Алдерверлед од Тотенхем, Вес Морган од Лестер, Ектор Белерин од Арсенал, Дмитри Паје од Вест Хем, Нголо Канте од Лестер, Деле Али од Тотенхем, Ријад Марез Лестер, Хари Кејн Тотенхем и Џејми Варди од Лестер.