Промена на врвот во 7.коло на ПМФЛ, Шкендија нов лидер

Во првата фудбалска лига на Македонија викендов се одигра комплетното 7.коло по кое на врвот на табелата има промена.

prva-mak-liga1

Шкендија е новиот лидер во првенството по победата над Работнички со 4-2, а хет-трик постигна Ферхан Хасани.

Со трите бода Шкендија се искачи на првото место на табелата, каде што има еден бод предност пред Вардар, кој се симна на второто место по нерешениот резултат против Ренова од 0-0 нагости.

Силекс на својот терен во Kратово дојде до трите бода во мечот со Шкупи победувајќи минимално со 1-0. Голот во 45. минута го постигна Недељковиќ.

Турново ја упропасти предноста од 1-0, на свој терен во мечот со Металург и по израмнувањето 1-1 остана со еден бод. Екипата на Младост Царев Двор ја постигна и третата победа во серија во фудбалското првенство откако како гостин ја совлада Брегалница на дуелот одигран во Kочани со 3-2.

На табелата Шкендија има 18, Вардар 17, Силекс 13, Младост 12, Шкупи 8, Работнички 7.