Видео: Превц со нов рекорд до светската титула

Loading

Словенецот Петер Превц продолжува со успешните настапи во натпреварувањето во ски скокови.

prevc world

Тој стана нов светски првак, откако во третата серија од натпреварувањето во австриски Кулм, постави нов рекорд на леталницата од 244 метри.

Со овој скок, Превц го престигна Норвежанецот Кенет Ганганес, кој слета на 238,5 метри, а четвртата серија беше откажана поради силен ветар.

Актуелниот победник на Четири скокалници и водечкиот во Светскиот куп на тој начин ја продолжи доминацијата меѓу ски-скокачите и е на чекор до освојување на големиот кристален глобус.

Погледнете го рекордниот скок на Превц во Кулм…