Словенецот Петер Превц продолжува со успешните настапи во натпреварувањето во ски скокови.
Тој стана нов светски првак, откако во третата серија од натпреварувањето во австриски Кулм, постави нов рекорд на леталницата од 244 метри.
Со овој скок, Превц го престигна Норвежанецот Кенет Ганганес, кој слета на 238,5 метри, а четвртата серија беше откажана поради силен ветар.
Актуелниот победник на Четири скокалници и водечкиот во Светскиот куп на тој начин ја продолжи доминацијата меѓу ски-скокачите и е на чекор до освојување на големиот кристален глобус.
Погледнете го рекордниот скок на Превц во Кулм…