Познати првите 1/4 финалисти на ЕУРО 2020

Loading

Фудбалските репрезентации на Данска и Италија се првите четвртфиналисти на ЕУРО 2020, откако денеска ги совладаа Велс и Австрија во првите осминафинални средби од нокаут фазата на ЕУРО 2020.

Најпрво Данска со високи 4-0 ја порази репрезентацијата на Велс, а малку покасно Италија многу потешко од очекувањата ја победи Австрија со 2-1 по дополнителните 30 минути. Во регуларните 90 минути резултатот беше 0-0.

Па така Данска и Италија утре ќе ги чекаат ривалите во 1/4 финалето на ЕП каде во осминафиналето се среќаваат Холандија-Чешка и во дербито Португалија-Белгија.

Во другите средби од 1/8 финалето се среќаваат Хрватска-Шпанија, Франција-Швајцарија, Англија-Германија и Шведска-Украина.