Ѕвездата на ЛА Лејкерс ограбена пред својот дом – Еве што му однесоа крадците!

Кошаркар на ЛА Лејкерс бил ограбен со закана со пиштол среде ноќ пред неговата куќа.

Како што пренесува американскиот таблоид ТМЗ, станува збор за Колдвел-Поуп на кого му бил украден имот вреден околу 150.000 американски долари.

Инцидентот се случил на 17 јуни околу 4 часот наутро додека Колдвел-Поуп разговарал со пријателите на патот. Потоа до нив запре автомобил, од кој излегоа тројца вооружени лица и ги замолија кошаркарот и неговата компанија да предадат се што имаат.

Притоа кошаркарот остана без накит, часовник Ролекс и Ајфон вреден околу 150.000 американски долари. Откако го добиле она што го барале, разбојниците заминале без да повредат никого.

Колдвел-Поуп минатата сезона одигра 67 натпревари со просек од 9,7 поени и 2,7 скока по натпревар.