Познат е планот на Новак пред Вимблдон – Донесе неочекувана одлука!

Познат е планот на најдобриот тенисер во светот Новак Џоковиќ.

Новак Џоковиќ нема да учествува на ниту еден подготвителен турнир пред почетокот на Грен слем турнирот во Лондон.

Ова е малку неочекувана одлука бидејќи Новак досега во кариерата ги навикна своите навивачи да учествува на барем еден турнир на трева.

Џоковиќ ќе биде прв носител на Вимблдон и покрај тоа што од понеделник повеќе нема да биде на врвот на АТП листата.

Новак шест пати ја освојуваше титулата во Лондон – во 2011, 2014, 2015, 2018, 2019 и 2021 година.