Повредата минато, Марија Шарапова се враќа на тениските терени

Loading

По повеќе од два месеци пауза руската тенисерка Марија Шарапова конечно се опорави од незгодната повреда и му се враќа на белиот спорт – тенисот.

Maria-Sharapova1

Шарапова ќе учествува на турнирот во кинескиот град Вухан, и тоа преку специјална покана од организаторот на овој турнир, кој започнува на 27 септември и има награден фонд од 2,2 милиони долари.

Таа изјави дека се радува што ќе се врати на тенискиот терен, напорно тренирала во изминатиот период, а повредата е веќе минато.

Maria-Sharapova2

Се надевам дека ќе имам успешен камбек, изјави Шарапова која нема настап на ниту еден турнир од поразот во полуфиналето на гренслемот Вимблдон од Американката Серена Вилијамс.