Хрватот Иван Ракитиќ по 6 сезони ја напушта Барселона и според последните информации се враќа во старото јато во тимот на Севиља за минимални 1.5 милиони евра.
Шампионите на Лига Европа, би можеле да платат вкупно 10 милиони евра ако се остварат бонусите и клаузулите, а Ракитиќ потпиша четиригодишен договор со клубот.
Тој одигра 310 натпревари за тимот од Ноу Камп каде постигна 36 голови, а имаше и 40 асистенции притоа освојувајќи четири титули во Шпанската Ла лига и една во Лигата на шампионите.
Ракитиќ кој од 2014 година дојде во Барселона токму од Севиља, направи репутација на еден од најпостојаните фудбалери во Ла лига.
Но сега работите сосема се променија во Барселона по пристигнувањето на Френки де Јонг од Ајакс минатото лето со што го загуби стартното место во тимот.
Чашата се прели по доаѓањето на холандскиот стратег на клупата на Барселона, Роналд Куман кој нема да смета на неговите услуги.
Ракитиќ беше дел од Севиља на 149 натпревари досега каде постигна 32 гола.