(ФОТО) Роналдо се бања во буре – Португалецот ја проба магијата на дрвената када!

Loading

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, е толку богат што може да си дозволи разни задоволства, па затоа одлучи да се бања во буре!

Фенси кадата, што се користи како алтернативен базен, или како што едноставно го нарекуваме – буре, одамна го зазеде своето место во бањската релаксација.

Античкото буре за капење, кое е традиција во Русија и Јапонија, не го заобиколи Роналдо, кој научи да ја доживее магијата на топлата вода по напорното вежбање.

Инаку, овој вид бања го засилува кардиоваскуларниот систем, а тоа славниот Португалец одлично го знае.

„Закрепнување и медитација“, напиша Роналдо во објаснувањето на фотографијата на која со затворени очи ужива во бурето.