Победничка атмосфера кај ОК Вардар во пресрет на дуелот со Шкендија во Тетово

Се ближи стартот на вториот дел од сезоната 2021/22 во одбојкарскиот шампионат на Македонија. Не делат уште само неколку дена од продлжување на сезоната во МАК одбојката, а ОК Вардар ги продолжи подготвките. 

Во рамките на подготвителниот период, ОК Вардар договори пријателска средба која се одигра вечерва во Пробиштип против екипата на Весна Пробиштиш и забележа лесна и убедлива победа од 3-0. 

ОК Вардар избори место меѓу најдобрите шест екипи во шампионатот кои ќе ја продолжат борбата за шампионската титула оваа сезона, откако со шест победи по ред се проби на 5-тото место на табелата и се најде во кругот на екипите кои се пласираа во разигрувањето за титулата.

Црвено-црните го започнуваат вториот дел од сезоната нагости против екипата на Шкендија во рамките на 1.коло. 

Во првиот дел од сезоната ОК Вардар славеше над Шкендија во Скопје со 3-1 во сетови.

Натпреварот е закажан за понеделник од 20 часот во Тетово, а натрпеварот ќе може да се гледа во живо на МРТ3 каналот.