По само 1 година во Вардар, Дејан Манасков се враќа во Германија!

Loading

Ракометарот на Вардар и на Македонија, Дејан Мансков кариерата ќе ја продолжи во редовите на Рајн Некар Левен, што значи по само 1 година тој повторно ќе игра во германската бундеслига.

stojce-manaskov1

Дејан Манасков пристигна во РК Вардар токму од Бундеслигата од Вецлар, но не успеа да се избори за поголема минутажа во тимот, најчесто играше во СЕХА лигата, додека во Лигата на шампионите на позиција лево крило играше русинот Тимур Дибиров.

Македонскиот репрезентативец, во Вецлар остави извонреден впечаток, поради што и челниците на најверојатно идниот германски шампион Рајн Некар решија да го ангажираат Дејан.

manaskov

Челниците на Рајн Некар на левата крилна позиција го ангажираа и исландскиот ветеран Гудјон Валур Сигурдсон, кои треба да го заменат Уве Генсхајмер кој го напушти клубот.