По бруката во ЛШ, Роналдо донесе важна одлука околу продолжување на кариерата!

Loading

Се зборуваше дека може да се врати во Спортинг, да премине во ПСЖ или да замине во Америка.

Според Ричард Мартин, добро информиран новинар, Роналдо останува во Манчестер Јунајтед.

Роналдо и следната сезона ќе игра во дресот на „црвените ѓаволи“.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња пристигна во летниот преоден рок од Јувентус каде мина три години.

Претходно девет години играше за Реал Мадрид, а пред првиот мандат во Манчестер Јунајтед го носеше дресот на Спортинг Лисабон.

Петкратниот освојувач на Лигата на шампионите неодамна наполни 37 години, но се уште има зацементирано место во стартниот состав на Манчестер Јунајтед.

Сезонава на 33 одиграни натпревари постигна 18 гола и запиша три асистенции.