По авантурата во Јувентус, Пирло замина од Италија и си најде нова работа!

Loading

Прославениот италијански репрезентативец и поранешен играч на Милан, Интер и Јувентус ја продолжува тренерската кариера и тоа далеку од Италија.

Тој во својата тренерска кариера го предводеше младиот и првиот тим на Јувентус во кој остана неполна година. Според Фабрицио Роман, добро информиран италијански новинар, Пирло си најде нов клуб.

Од следната сезона треба да го води Карагумрук, клуб кој минатата сезона во турскиот шампионат ја заврши на осмото место во конкуренција од 20 екипи.

„Газета дело Спорт“ наведува дека Пирло ќе потпише едногодишен договор за да има можност да се запознае со ситуацијата и потоа да размисли што сака во понатамошната кариера.

Карагумрук има неколку играчи кои имаат искуство со играње во Серија А како што се аргентинскиот играч за врска Лукас Биља и италијанскиот напаѓач Фабио Борини.

За потсетување, Пирло како неискусен тренер го презеде Јувентус со кој настапуваше во сезоната 2020/2021. Заврши на четвртото место во италијанскиот шампионат, со 13 бода помалку од шампионот Интер.