Овој спорт ќе ви го продолжи животот за 10 години! За која дисциплина станува збор?

Loading

Секој кој се занимава со спорт, живее поздраво и подолго, барем така е научно докажано.

Но голем дел од луѓето незнаат дека одредени спортови имаат особено добро влијание на очекуваниот животен век.

Студијата, чии резултати се објавени во медицинскиот весник „Mayo Clinic Proceedings“, се занимавала со прашањето за животот на 8.500 здрави возрасни лица, во Данска, кои се занимаваат со спорт.

Резултатот е дека одредени спортови делуваат како вистински чудесен еликсир за долг и исполнет живот. Во истражувањето, групните спортови покажале посебен позитивен фактор на долгиот живот.

Апсолутен победник е тенисот, кој може да го продолжи животниот век во просек за вкупно 9,7 години.

На бадминтон играчите, животниот век може да им се продолжи за 6,2 години, во споредба со луѓето кои не се занимаваат со спорт.

Фудбалот исто така се покажал како чудесно оружје за подолг животен век, бидејќи го продолжува животот за 5 години.

Пливањето го продолжува животниот век за 3,4 години, а гимнастиката за 3,1 година.

Научниците се запрашале зошто потењето во пар или во тим е поефикасно. Како што се испоставило, тоа е пресуден социјален фактор.

„Забрзаното работење на срцето е важно за здравјето“, изјавил еден од студиските коавтори Џејмс Океф, и додал: „Но, изгледа дека е подеднакво важно како контактот со другите луѓе“.

Во тимските спортови, луѓето не само што се движат, туку се дружат и искажуваат емоции. Резултатот е дека по завршувањетп на спортот, тие се чувствуваат позадоволно и поопуштено, за разлика од индивидуалниот тренинг.

Затоа спортувајте и живејте подолго!