Пет работи кои досега не сте ги знаеле за НБА кошаркарот Стеф Кари

Loading

Тој е еден од најдобрите кошаркари на денешницата и во НБА лигата. Човекот кој во пресек постигнува по 30 поени по натпревар.

Станува збор за Стеф Кари играчот на НБА шампионот Голден Стејт Вориорс. Стеф со секој следен натпревар испишува нови страници во историјата на кошарката. Има 30 години и е на врвот на својата кариера. Минатата сезона ја освои титулата НБА шампион, а беше и во тесна борба за нова титула МВП на лигата. На позицијата плејмејкер направи права револуција. Многумина го сметаат за најдобар шутер во историјата на кошарката.

ШТО ДОСЕГА НЕ ЗНАЕМЕ ЗА НЕГО?

Го сруши рекордот во тројки. Во сезоната 20112/13, Стеф ги изненади сите погодувајки 272 тројки во една сезона и со тоа го сруши рекордот на Реј Ален од 2006 година, од 269 тројки. Во сезоната 2016 уште еднаш го подобри својот личен рекорд и стигна до бројката од 402 тројки во една сезона. Нема никаква дилема дека по овој број на погодоци, тој мора да се смета за најдобриот шутер на сите времиња.

НЕГОВОТО ВИСТИНСКО ИМЕ Е СТЕФОН

Неговото вистинско име гласи Вардел Стефон Кари II. Името го добил по својот татко Вардел Дел Кари, познат НБА кошаркар кој играл за бројни тимови во НБА лигата. Денес е реномиран коментатор на кошаркарски натпревари, па често ја анализира играта и на својот постар син. Фамилијата Рајли изобилува со спортски имиња. Покрај таткото ветеран и неговиот брат Сет е професионален кошаркар кој од оваа сезона ќе настапува за тимот Портланд Траил Блејзерс, а играл и за Феникс, Кливленд, Сакраменто и Далас. Неговата сестра Сидел е успешна одбојкарка при универзитетот Елон.

 

СОНУВАЛ ЗА ГОЛЕМА КАРИЕРА ДОКЕКА БИЛ НА КОЛЕЏ

Стеф имал план да тргне по чекорите на својот татко и да заигра во универзитетската лига на Вирџинија. Тој не успеал да добие стипендија, а единствен сериозен предлог го добил од универзитетот Дејвидсон. Набргу потоа стана голема ѕвезда, а веќе следната година го доведе својот тим до финалето на конференцијата по 38 години години пауза.

КОЈА Е НЕГОВАТА ПРВА ЉУБОВ…

Неговата сопруга Ајеша Александер ја запознал кога имал 15 години. Во јули 2011 на свечена церемонија во Шарлот се венчаа. Имаат две ќерки и еден син, шестгодишната Рајли која е најголемата негова поддршка на натпреварите, тригодишната Рајан и штотуку родениот едномесечен син Кенон.

НЕГОВАТА СЕЗОНА ОД СОНИШТАТА

Сезоната 2014/15 беше негова сезона. Беше прогласен за најкорисен играч во лигата МВП, освои шампионски прстен со Вориорси, првпат по 40 години, а како врв на се со најголем број гласови беше избран од публиката за Ол Стар петорката. Во оваа сезона имаше просек од 30,2 поени по натпревар. По таа сезона освои уште два шампионски прстени со Голден Стејт во сезоните 2016/17 и 2017/18.