Најдобриот тенисер во светот, Новак Џоковиќ, го откажа учеството на претстојниот Мастерс во Индијан Велс, и со тоа го постави „прашањето на сите прашања“.
На годинашниот тениски турнир во „Калифорниската шума“, навивачите нема да го гледаат Новак, но ниту Роџер и Рафа, што е вистински преседан по повеќе од 20 години.
Како што пресметаа навивачите, ова е првпат барем еден тенисер од „големата тројка“ да не учествува на еден од последните Мастерси во сезоната.
Се разбира веднаш се постави „прашањето на сите прашања“ , и гласи: Дали ова значи крај за „големата тројка“?