Ова е тажен ден за фудбалот – Буфон ја завршува кариерата!

Loading

Славниот италијански голман Џанлуиџи Буфон (45) реши да стави крај на својата блескава кариера.

Како што пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, Буфон одлуката ќе ја соопшти во наредните денови.

Ова е еден од најдобрите голмани во последните неколку децении.

Кариерата ја започна пред 28 години во дресот на Парма, за која бранеше два пати, од 1995 до 2001 година и последните две години, во Серија Б.

Потоа следуваше преселба во Јувентус, за кој бранеше двапати и запиша вкупно 685 настапи.

Во дресот на Јувентус бранеше во 19 сезони. Освои 10 титули во Италија и три пати играше во финалето на ЛШ но ниту еднаш не ја освои.

Во една сезона беше на голот и на ПСЖ и забележа 25 настапи.

Во дресот на Италија бранеше на дури 176 натпревари од 1997 до 2018 година, а круната е титулата светски првак од 2006 година на турнирот во Германија.