Колку заработува Никола Јокиќ на своите коњи?

Loading

ДЕНВЕР НАГЕТС предводени од Никола Јокиќ за првпат во историјата го освоија шампионскиот прстен во НБА лигата.

Тие во финалето ги победија Мајами Хит со 4-2 во победи, а потоа следуваше голема забава на кошаркарите на Денвер.

Истата се пресели во Лас Вегас, Невада, а Јокиќ потоа отпатува во родниот Сомбор. Таму веднаш се посвети на коњите, неговото омилено хоби.

Јокиќ е сопственик на фармата за коњи „Dreamcatcher“, која се наоѓа во неговиот роден Сомбор. Досега има вложено многу пари во набавка на чистокрвни расни грла, иако не заработува премногу од трките на кои учествуваат неговите коњи.

Во текот на летото, Јокиќ беше виден на тркачките патеки во Италија, Сомбор и Суботица, а неговото најуспешно младенче Ејми Дел Дуомо учествуваше на пет трки во претходната година.

Вкупната заработка изнесува 4700 евра. Јокиќ не е заинтересиран да заработува на коњи, а интересно е што и самиот за еден час заработува повеќе, бидејќи во новата сезона според договорот со НБА, секој час е побогат за пет илјади евра.