Шпанскиот напаѓач Алваро Мората од следната сезона се враќа во својот матичен клуб тимот на европскиот шампион Реал Мадрид.
Се шпекулираше дека тој ќе остане во Италија и следната сезона, но спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота потврди дека напаѓачот го напушта шампионот на Апенините.
Реал Мадрид има опција да го врати Мората на „Сантиаго Бернабеу“ за 30 милиони евра, а раководството на Јувентус денес потврди дека „кралевите“ ќе ја искористат таа опција.
,,Реал Мадрид ќе ја искористи опцијата за да го откупи договорот од Мората, а во наредните денови трансферот ќе биде официјализиран“, изјави Марота.
Но останува отворено прашањето дали Мората ќе остане во Реал Мадрид или „кралевите“ ќе го препродадат на некој од заинтересираните клубови во Премиер лигата.
Трансферот на Мората би чинел 75 милиони евра.