Одбојка жени 4.коло – Наковски Волеј славеше во дербито против Јанта Волеј

Loading

По победата во претходното коло над шампионот Работнички, одбојкарките на Наковски Волеј од Струмица го добија и дербито против вицешампионот од минатата сезона тимот на Јанта Волеј во Скопје.

Во натпреварот од 4.коло, Струмичанки стигнаа до важна победа од 3-1 во сетови и останаа непоразени и по ова коло во првата женска одбојкарска лига на Македонија.

За Наковски Волеј ова беше значајна гостинска победа над скопскиот ривал Јанта Волеј, а резултатот се движеше по сетови (20:25, 25:20, 20:25, 16:25).

Наковски Волеј уште еднаш покажаа дека поседуваат квалитет за високи дострели оваа одбојкарска сезона и продолжуваат да го трасираат патот кон титулатa.

И вториот состав од Струмица, тимот на Струмица жени без поголеми проблеми славеше против Вардар жени 2019 со убедливи 3-0 во сетови.

Тимот на Младост УГД од Штип во Скопје го победи тимот на Вардар ЕМ со 3-1 во сетови за втората победа по ред на Штипјанки кои славеа со пресврт.

По двата порази по ред, шампионот Работнички конечно се радуваше на победа. Совладан беше тимот на Фит Фан Волеј со 3-0 нагости.

Па така по ова коло непоразени досега по 4.кола се тимовите од Струмица, Наковски Волеј и Струмица жени.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 4.КОЛО (сабота 4.11.2023)

Јанта Волеј – Наковски Волеј               1:3 (20:25, 25:20, 20:25, 16:25)
Фит Фан Волеј – Работнички                0:3 (23:25, 19:25, 22:25)
Вардар ЕМ – Младост УДГ                      1:3 (25:20, 20:25, 25:27, 22:25)
Струмица – Вардар 2019                          3:0 (25:15, 25:15, 25:7)

ТАБЕЛА – 4.коло

1. Наковски Волеј. 12
2. Струмица жени 11
3. Работнички 7
4. Јанта Волеј 6
5. Младост УДГ 5
6. Фит Фан Волеј 4
7. Вардар ЕМ 3
8. Вардар жени 2019 0.