(ВИДЕО) И спринтот во Бразил во рацете на Верстапен

Loading

Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен беше најбрз на спринт трката што се возеше во Сао Паоло за ГН на Бразил.

фото: AFP

Освојувачот на пол позицијата на денешниот спринт, Ландо Норис од Мекларен ја загуби првата позицијата уште на стартот од Верстапен.

Веќе во вториот круг и Џорџ Расел го мина Норис во борба за второто место, но Норис не се откажа туку така.

Си го врати второто место и на крајот го задржа до крајот на спринт трката. Расел третото место го загуби во директен дуел со Перез од Ред Бул и на крајот заврши четвртти.

Најдобрата 10-ка ја сочинуваат уште и Леклерк од Ферари, изненадувањето Цунода кој го мина Хамилтон на 6-тото место.

Седми заврши Хамилтон, па Саинц, Рикардо, Пијастри, Алонсо, Строл, Гасли, Окон, Албон, Магнусен, Жу, Хулкенберг, Ботас и Сарџент.

Со освоеното нови осум бодови Макс Верстапен има 499, втор е Перез со 246, а трет е Хамилтон со 222 бода.

Денеска со почеток од 18 часот се вози трката за ГН на Бразил.