Њукасл ги запали моторите – Донесоа бразилец за бегство од зоната за испаѓање!

Loading

Бразилскиот фудбалер Бруно Гимараеш потпишал четири и пол годишен договор со тимот на Њукасл, соопшти денеска Премиер лигата.

Играчот од средниот ред во Премиер лигата доаѓа од француски Лион за 50,1 милиони евра и 20% од иднината продажба.

За селекцијата на Бразил одигра три натпревари, а на лекарски преглед беше во родната земја каде настапува во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Така тој стана третото засилување на Њукасл во зимскиот преоден рок по Киеран Трипие и Крис Вуд.

 

По 21 одигран натпревар во Премиер лигата, Њукасл е на 18. место, во зоната за испаѓање, со 15 бодови.