БОМБА во Барселона! Напаѓачот на Арсенал доаѓа на Ноу Камп

Loading

Добро напредуваат преговорите помеѓу Арсенал и Барселона за доаѓање на фудбалерот Пјер Емерик Обамејанг во шпанскиот клуб на позајмица, објавија британските медиуми.

фото: Profimedia

Како што објави Скај, клубовите се уште не постигнале договор, но се верува дека трансферот ќе се реализира пред да заврши преодниот рок вечерва.

Обамејанг би играл на Камп Ноу до крајот на сезоната. Барселона не би можела да го откупи договорот, а клубовите преговараат колку од платата на Обамејанг би покривал шпанскиот клуб.

И Јувентус сакаше да го доведе и напаѓачот на репрезентацијата на Габон.

На Обамејанг му беше одземена капитенската лента на Арсенал во декември поради прекршување на дисциплинските правила.

За лондонскиот клуб нема играно од 6 декември и остана надвор од мини-подготвителниот тим во Дубаи.

За него беа заинтересирани Олимпик Марсеј, Пари Сен Жермен и Милан, а саудиските клубови Ал Наср и Ал Хилал понудија позајмица со откуп на договорот по крајот на сезоната.