Новак Џоковиќ по трет пат ја доби наградата за најдобар спортист во светот ,,Лауреус”

Loading

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ по трет пат ја доби наградата „лауреус“, која што е наменета за најдобриот спортист на годината во светот, а Џоковиќ оваа награда ја доби и во 2011 и 2014 година.

nole laureus

На свечената церемонија во Берлин, тој беше прогласен за најдобар во светот во конкуренција на Усеин Болт, Лионел Меси, Луис Хамилтон и Стефон Кари.

Ноле минатата сезона беше извонреден на тениските терени ширум светот, освојувајќи три Грен Слем и шест Мастерс титули, остварувајќи незапамтена доминација во машкиот тенис минатата 2015 година.

По бројот на добиените награди “лауреус“, Џоковиќ се израмни со Болт, а пред него е единствено Роџер Федерер кој во четири наврати беше прогласуван за најдобар спортист.

serena

Кај дамите наградата отиде во рацете на колешката на Новак, американската тенисерка Серена Вилијамс.