Новак Џоковиќ не може да игра во Индијан Велс и Мајами поради правилата околу забраната за влез во Соединетите Американски Држави.
Интересно, првиот светски рекет доби покана од организаторите на АТП Челинџ турнирот во Санремо, кој го освои пред 18 години, но и таму нема да може да настапи.
Причината се едноставно правилата и тоа член 7.07 од регулативата на АТП.
,,На играчите кои се рангирани од 1-10 на АТП листата, 21 ден пред првиот понеделник на АТП Челинџер турнирот, им е забрането да се регистрираат, да прифаќаат вајлд-карти и да се натпреваруваат на АТП Челинџер турнирите.
Ова е уште еден шок за Новак во обидот да ја одржи формата но и да го зачува првото место на АТП листата во моментов.