(ВИДЕО) Постигна еврогол од невозможна позиција – За неговата мајсторија зборува цел свет!

Loading

Често гледаме вистинска фудбалска мајсторија во најсилните лиги во светот, но често се случува фудбалер од клуб од „пониска класа“ да направи магија која го воодушевува целиот свет.

фото: Santos

Таква ситуација сега ни доаѓа од Костарика, а вистинската магија со топката ја направи Карлос Ривера, фудбалер на Сантос.

Неговиот тим викедов го победи Алахуаленс со 2:0, а за голот на Карлос долго ќе се зборува.

Карлос ја прими топката во аголот на теренот, крај корнер знаменцето, потоа убаво се позиционираше и шутираше од позиција од која ретко кој би се осмелил да го испроба својот удар.

Тој се обиде, и успеа, а неговата мајсторија погледнете ја во приложеното видео.

 

Alajuelense 0 – [2] Santos | Carlos Rivera 90+5′ Amazing top bins curler from soccer