Македонски репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ и официјално заминува од руски Уникс Казањ и од следната сезона ќе го гледаме во италијанскиот клуб кој настапува во Евролигата.
Станува збор за најдобриот италијански клуб во моментов тимот на Олимпија Милано, а Нено веќе ги договорил сите детали со миланскиот клуб и ќе потпише договор до 2026 година.
Армани Милано оваа сезона во Евролигата имаше лош настап каде на 34 меча забележа 15 победи и 19 порази за вкупно 12-то место на крајот на сезоната.
Токму поради ова тимот сака од следната сезона да ангажира соодветни засилувања со цел пласман во плејофот во Евролигата и што подобар настап.
Во Ненад Димитријевиќ гледаат одличен играч кој ќе го полни кошот на противниците и воигрување на тимот.
Димитриевиќ играше две сезони во тимот на Уникс Казан кој го водеше клубот минатата сезона до титулата во ВТБ лигата.
Токму Нено беше на крајот прогласен и за МВП во финалната серија против Локомотива, а оваа сезона стана и МВП во регуларниот дел од сезоната.