НБА Плејоф: Далас и Торонто израмнија на 1-1, Г.Стејт поведе со 2-0!

Loading

Во НБА плејофот се одиграа три средби.

playoffs1-2016

Тимот на Далас израмни на 1-1 во серијата со Оклахома откако нагости славеше со 85:84. Оклахома немаше решение за Новицки, а Дурент го одигра веројатно најлошиот меч во плејоф кариерата.

Тој постигна 21 поен, но погоди само 7 од 33-те обиди од поле, а ниту Расел Вестбрук не беше расположен за игра, имаше катастрофален шут но постигна 19 поени и 14 асистенции.

Плејмејкерот Рејмонд Фелтон со 21 поен и 11 скокови, односно Дирк Новицки со 17 поени го предводеа Далас.

mav-thu

Оклахома имаше можност да победи, Фелтон на 7 секунди до крајот ги промаши слободните фрлања за Далас, потоа Дурент беше изблокиран од Межри, Вестбрук не погоди, а поените на Адамс беа поништени бидејќи биле постигнати по истекувањето на времето.

Шампионот Голден Стејт поведе со 2-0 во победи во серијата против Хјустон. Вориорси и без Стеф Кари стигнаа до победа од 115:106.

Прв играч на Вориорси беше Клеј Томпсон со 34 поени, Дрејмон Грин даде 12 поени, 14 скокови, 8 асистенции, Андре Игудала даде 18, а Шон Ливингстон 16 поени и 6 асистенции, додека Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 28 поени и 11 асистенции.

state

Торонто со одлична тимска игра успеа да слави во вториот меч со Индијана со 98:87 и да израмни во серијата на 1:1.

Јонас Валанчунас со 23 поени и 15 скокови беше предводник на Репторски, а покрај него уште четворица играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

Кај Индијана само двајца кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени: Пол Џорџ 28 и Монта Елис 15 поени.

За вечерва предвидени се две плејоф средби по една на истокот и западот каде се среќаваат Атланта-Бостон и Сан Антонио-Мемфис.