Навивачите се опростуваат од Роналдо – На повидок е најшокантниот трансфер во историјата!

Португалецот Кристијано Роналдо се уште не е познато во кој клуб ќе игра следната година.

Тој не замина на турнејата на Манчестер Јунајтед, но договорно е обврзан на Олд Трафорд следната сезона.

Најпрво Баерн се споменуваше како негов нов клуб, а во последно време се повеќе се шпекулира дека би можел да заврши во Атлетико Мадрид.

Роналдо вчера објави фотографија од теретана на која се гледа дека е неверојатно фит, особено ако се земе предвид дека веќе има 37 години.

Сепак, шпанска „Марка“ пишува дека времето на објавување на фотографијата е многу контроверзно.

Имено, објавата на Роналдо на социјалните мрежи беше истовремено со подготвителниот натпревар помеѓу Јунајтед и Астон Вила.

Тоа што не гледа или не е претерано заинтересиран како игра неговиот клуб, наведува „Марка“, за многумина е знак дека го напушта клубот.

Со тоа се согласуваат и дел од фановите кои ги закопаа неговите профили со проштални пораки.

Ќе видиме дали е подготвен за трансфер во Атлетико кој би бил еден од најголемите шокови во фудбалскиот свет.