(ВИДЕО) Овој судија ќе добие милиони поради својата грешка – Го призна голот со рака на Марадона на Мундијалот во 1986!

Топката со која Марадона го постигна веројатно најпознатиот гол во историјата на фудбалот ќе биде продадена на аукција во ноември, а се очекува новиот сопственик да издвои неверојатна сума пари.

фото: Profimedia

Според најавите кои ги донесе британски „Гардијан“, топката која заврши во голот на мечот Аргентина-Англија на 22 јуни 1986 година откако Диего Марадона ја удри со рака, до сега ја поседуваше судијата на тој натпревар, Тунижанецот, Али Бенасер.

,,Не ја видов јасно ситуацијата. Двајца играчи, Шилтон и Марадона, го свртеа грбот кон мене. Како што беше наложено од ФИФА пред почетокот на турнирот, погледнав кон асистентот за гол. Тој истрча кон центарот на теренот и со тоа потврди дека голот треба да биде признаен. По натпреварот, селекторот на Англија, Боби Робсон ми рече: „Добра работа си направи, но помошниот судија беше неодговорен“, ги објасни Бенасер настаните од денот кога се роди „Божјата рака“.

Дресот на Марадона од истиот натпревар беше продаден во мај 2022 година за 8.500.000 евра, додека топката се проценува дека чини меѓу 2,85 и 3,4 милиони евра, што бившиот судија ќе ги заработи „без вина и обврска“.

Марадона ги постигна двата гола за својата земја на тој натпревар, кој заврши со резултат 2:1, пред повеќе од 110.000 луѓе.

По „божјата рака“ во 51. минута, во 55. направи магија бидејќи претрча повеќе од половина терен и го нокаутира половина од противничкиот тим, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 81. минута преку Гери Линекер.

Рекордот од продажбата на дресот на славниот Аргентинец беше соборен неодамна кога дресот на Мајкл Џордан кој славниот кошаркар го носеше на првиот меч од финалето на НБА против Јута во 1998 година беше продаден за неверојатни 9,8 милиони евра.