Рафаел Надал го освои Ролан Гарос, на патот до титулата го совлада Новак Џоковиќ, а пред тој меч разговараше со Роџер Федерер.
Шпанскиот тенисер тоа го откри во едно интервју, а тоа предизвика големо внимание во тенискиот свет.
Рафа Надал во разговор за „Скај спорт Италија“ изјави дека добил позив од Швајцарецот непосредно пред пресметката со Новак, како и дека се слушнале по финалето.
“Роџер и јас имаме посебен однос. И двајцата сме во советот на играчи на АТП и разговаравме непосредно пред натпреварот со Новак. По турнирот тој ми испрати порака и ми честиташе”, изјави Надал.
Ова дополнително ги изнервира навивачите на српскиот играч, особено по одлуката да му се одземат бодовите на Вимблдон, за кои гласаа Роџер и Рафа.
Таа одлука значеше дека Новак губи 2000 бодови и првото место на АТП листата. Поради сето тоа ќе падне на третата, а можеби и на четврттата позиција.