ХАОС во Баерн – Левандовски сака да си оди, баварците не му даваат!

Пољакот Роберт Левандовски донесе одлука, по секоја цена сака да го напушти Баерн. Проблемот е што клубот нема намера да му дозволи да си замине, па војната и сагата и понатаму продолжува.

Феноменалниот полски напаѓач уште еднаш се огласи во јавноста и им даде до знаење на сите дека сака да замине во Барселона.

“Си заминувам, барам повеќе емоции во мојот живот. Клубот не сакаше да ме слуша до крајот, нешто ми се случи и не можам да го преболам. Сакам да бидам професионалец. но не можам да ги игнорирам емоциите. Напуштам некои мои пријатели, луѓе со кои сум со години“, изјави Левандовски.

По тој повод зборуваше и спортскиот директор на Баварците Хасан Салихамиџиќ.

„Разговаравме во понеделникот, разговаравме и за неговите изјави. Го објаснив нашиот став за неговиот договор. Разговарав со луѓето во клубот за неговата желба и би ги оставил работите на тоа“, заклучи Салихамиџиќ.

Се чини дека ќе биде „жешко“ лето во Минхен.